Незнам со колку мажи сум спиела, беа навистина многу, престанав да ги бројам, признала Брук, која кога е откриен нејзиниот идентите работела на истражување за здравјето на децата.
Докторката Брук Магнанти (36) славата ја стекнала работејќи како елитна проститутка.
„Продавањето сексуални услуги не е погрешно, но манипулирање со туѓите чувства поради пари е“ порачала докторката во својата книга „The Sex Myth: Why everything we’re told is wrong“.
Таа одела во приватно католичко училиште, а од најраните години покажувала интерес кон науката.
„На 16 години за прв пат имав сексуален однос, а мислам дека себе можам да се опишам како промискуитетна личност“, изјавила Брук.
Таа во 2009 го открила својот идентитет и била вистинска сензација кога се дознало дека таа работи на форензичка патологија на Универзитетот Бристол.
Контроверзната докторка продолжила да се занимава со нејзината омилена тема, сексот, а има објавено две книги „Sexonomics” и „The Sex Myth”.