Упатство за експлоатација на жена во домашни услови:)))

popara29 мај, 20121min00
kb

Жената е капризна техника. Ете зошто треба да се посвети специјална грижа за тоа како да биде чувана и експлоатирана во домашни услови.

Ако не можете да и обезбедите се што и е неопходно – подобро не си земајте жена, туку нешто друго…Ако трошоците за одржување на конкретна жена започнат да ги надминуваат вашите приходи, тогаш е повеќе од препорачливо горепосочената да биде заменета со поекономичен (постар) модел!

Напомена: Сите досегашни модели жени се произведени без копчето „mute“, па затоа покасно немате право на рекламации!  Производителот не сноси никава одговорност! А бидејќи тоа е Бог, ви останува само да се молите…

Се препорачува да се избираат млади и здрави модели, бидејќи тие имаат подолг рок на употреба! Имајте во предвид дека редовен сервис и одржување е задолжителен услов и многу ќе ве чини.

Процесот на дресура е особено тежок. За да постигнете некаков резултат, ќе ви се потребни неколку години секојдневен труд и големо празнење на буџетот. Имајте во предвид, дека ефектот не е гарантиран, освен ако буџетот е отворен и неограничен!

Жената треба почесто да се изнесува на прошетка, бидејќи има потреба од раздвижување и чист воздух. Кога ја шетате, неоходно е да биде на кратко синџирче и по можност на ексклузивни места.  Причината и опасностите за ова се добро познати на сите…Обрнете внимание на фактот – дека жената на која и е дадена неограничена слобода може да се размножува неконтролирано.

За да создадете условни рефлекси кај жената, треба да постапите како и со останатите домашни миленици: за да ги извршува командите, одвреме навреме треба да и се вети дека ќе и се исполни некоја желба, пред се материјална.

Жените како и мачките, сакаат да го напуштат домот, но по правило – секогаш се враќаат!

Жените не трпат во својот дом друг претставник на својот вид и често го напаѓаат. Таквиот примерок со брзина на светлината е елиминиран, не бирајќи начин и средства, а притоа постои голем ризик за оној што го внесол страното тело во нејзиниот дом.

При изборот на жена, освен хардверот, треба да се размисли добро и за софтверот што го носи!

Жената го смета мажот за сопственик на куќата, па затоа и му се потчинува. Ако почне самата себе да се смета за сопственик, тогаш ваквиот примерок е непогоден за понатамошна експлоатација. Тогаш предмет на експлоатација станува мажот. Ваквиот процес по дифолт не дозволува менување на улогите понатаму, штом веќе еднаш улогите се подредиле на тој начин.

При правилна експлоатација жената ќе ви служи долги години, при тоа – без ремонт и замена!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag