Лозано конечно со нов албум “Преку седум мориња”

popara29 мај, 20121min00
vlatko
Петок, 31-ви мај, е денот кога сите оние кои со нетрпение го очекуваа долгонајавуваниот албум на Влатко Лозаноски- Лозано, ќе можат да се препуштат на уживањето во новото музичко издание на најдобриот машки вокал во Македонија. Второто дискографско остварување на Лозано е насловено „Преку седум мориња“ и содржи 11 песни, меѓу кои се наоѓаат хитовите кои веќе и се познати на публиката „Летам кон тебе“, „Како ден јасно е“, радискиот хит за 2011-та „Кога мене ќе ме немаш“ и „ Нема ден, нема ноќ“
–      Во новиот албум ќе слушнете песни од различни музички правци, но сепак во секоја од нив е задржан белегот на мојата интерпретација. Ќе слушнете балади, поп-рок песни, реге и хаус звуци и сите тие ја содржат енергијата која со мојот продуцент Лазар Цветкоски ја внесовме работејќи го албумот. Сакавме малку да експериментираме со музичките стилови, па токму затоа ќе слушнете и теми какви до сега не сум изведувал, а кои внесуваат свежина во целото издание. Верувам дека секој кој ќе ги слушне 11-те песни содржани во „Преку седум мориња“ , ќе се пронајде барем во една од нив – изјавува Лозано.
Супервизор и главен музички продуцент на новото ЦД остварување на Влатко е Лазар Цветкоски, а сите песни се снимени и мастеризирани во неговото студио ЛЦВ. Автори на песните се Влатко и Лазар, а како трекстописци  се јавуват Магдалена Цветкоска, Раде Врчаковски- Врчак, Милан Миланов, Марија Лозаноска и други.  Албумот кој од петок обожавателите и почитувачите на музиката на Лозано ќе можат да го набават во сите киосци, бензински пумпи, Тобако Тугедер салони и сите музички продавници низ Македонија,  го издава План Б Продукција, под чија закрила од неодамна се наоѓа Лозаноски.
Официјалната промоција на „Преку седум мориња“ ќе се случи на почетокот на јуни.
Во продолжение слушнете ја новата песна на Влатко
httpv://www.youtube.com/watch?v=4ZPDtvMlwZ4
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag