Една девојка поставила слики на социјалната мрежа Фејсбук со пари во куќата и на тој начин ги „повикала“ крадците.
17 годишна девојка од Сиднеј која помагала на една старица да ја пребори својата заштеда, не успеала да се воздржи, па ги фотографирала парите кои биле расфрлани на кревет и ги објавила на својот Фејсбук профил.
Неколку дена подоцна, двајца вооружени мажи влегле со нож и палки и затропале на вратата на адресата која била поставена на фејсбук профилот. Сепак, тинејџерката не била таму, па крадците пристигнале на погрешна адреса.
Тие се заканиле на мајката, нејзиното момче и синот, кој живееле на таа адреса и им ги земале парите кои ги пронашле во нивната куќа.
Полицијата го истражува случајот.