Помина повеќе од дваесет години од премиерата на филмот “The Silence of the Lambs”, но популарноста на хит на кој имаше неколку продолженија не слабее. Но, најновиот проект нема да го гледаме во кино салите, туку на малите екрани. Всушност, Lifetime каналот најавува серија за ФБИ агентката Clarice Starling и нејзината кариера пред работат на случајот на Hannibal Lecter.
Lifetime во својата најава за ссеријата “Clarice”, објаснува дека ќе ја следи кариерата на агентката, веднаш после завршувањето на Академијата на ФБИ.