Свадбената колекција за 2012-та е инспирирана од францускиот црно-бел филм „Артистот“ кој триумфираше со пет Оскари.
Ретро стил и многу гламур гледаме во моделите од колекцијата наменета за високата мода, што оваа сезона се потопени во сите нијанси на белата боја – шампанско, бисерни нијанси, кремави детали, слонова коска и класичната снежно бела.
Се надеваме дека ќе им бидеме од полза на идните невести со нашите идеи!