Големата желба за сладолед е споредена со силната желба за кокаин кај зависниците, се вели во последната студија на оваа тема. Авторите на студијата од научниот институт во Орегон откриле дека после консумација на слаткото искушение во мозокот се активира потреба за уште. Истото се набљудува кај луѓето кои редовно употребуваат кокаин.
Оваа студија ги подржува сите претходни тези дека луѓето создаваат зависност и кон одредени групи храна и пијалоци.
Еве како ја објаснуваат оваа појава: прејадувањето со храна богата со масти и шеќери води до реакција во мозокот односно со истата количина веќе не се постигнува истиот ефект и затоа постојано имаме потреба од повеќе и почесто консумирање. Ваквата мозочна реакција се набљудува при редовна употреба на наркотици – колку почесто личноста ги употребува, толку помалку ефект добива со истата доза, па како последица со тек на време дозата се зголемува.
Со помош на прекумерна употреба мозокот се обидува да го постигне првобитното ниво на задоволство. Истово се однесува на веќе развиената зависност од храна или пак наркотици. Механизмот е истиот.