Во Србија пронајдена куќа стара 7500 години

popara2 јуни, 20121min00
8

На неолитското наоѓалиште Плочник, кај месноса Куршумлија на југоистокот  на Србија, српски археолози пронашле куќа стара 7500год. и метално длето кор датира, од каменото време…

Археолозите очекуваат дека, со откривањето на оваа куќа која датира од 6000год. пред Христа, ќе може да се докаже дека, металното време почнало многу порано отколку што се сметаше до сега.

Покрај пронајдената керамика, која е од непроценлива археолошка вредност, пронајдено е метално длето, што ги фасцинирало археолозите, бидејки, како што се наведува се работи за локалитет од Младото камено време.

Овој пронајдок, сосема ги менува сликите за користењето на железото, бидејки границата на неговата употреба се поместува, а археологот Јулка Кузманович – Цветковиќ, вели дека ова е едно од најголемите откритија на неолитските наоѓалишта , а фактите наведуваат и на претпоставката дека е можно, овде да се наоѓа и местото од каде потекнува развојот на технологијата на железото и на модерните цивилизации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma