Фактот дека домашните миленици имаат позитвно влијание врз здравствената состојба е познат уште одавна. Но наскоро беше објавено истражување околу влијанието специјално на мачињата врз состојбата на своите сопственици.
Научници од универзитетот во Минесота утврдиле дека луѓето кои живеат со една или повеќе мачки за цели 40% имаат помал ризик од појава на опасни болести како тие на срцето и крвните садови и во таа група секако и инфарктот.
Психијатрите тврдат дека вдомувањето и грижата за мачките значително го намалува интензитетот на влијанието на стресот и анксиозноста, а тоа допринесува за целосната здравствена состојба. Исто така докажано е и дека оние кои немаат своја мачка, не често се во контакт со луѓе кои имаат и се во непосреден контакт со животното, имаат подобро здравје и силен срцев мускул.
Во истражувањето учествувале над 4500 возрасни особи од 30 до 75 години, а нивното здравје било анализирано две децении. Психолозите нагласуваат дека за ваквиот феномен допринесува и карактерот на сопственикот, бидејќи љубителите на животни во принцип се позитивни, опуштени, добронамерни и среќни луѓе.