Спремете се, сезоната почна! А знаете ли дека сексот е најдобар кога сте на годишен одмор?
Сигурно ви текнува како максимално можете да ги искористите вечерните прошетки на отворено небо? Тоа се прекрасни моменти што ќе ги паметите цел живот, па затоа дозволете си нешто вакво, дозволете си секс на плажа!
Речиси 90% од луѓето на возраст од 18 до 50 годишна возраст тврдат дека најдоброто сексуално искуство го доживеале на годишниот одмор.
Околу 30% луѓето веруваат дека одморот во тропските предели претставува најромантичен избор, додека за голем дел од нив совршена дестинација е Рим или Парис. Крстарењето претставува идеален одмор за 15% од анкетираните, додека 9% изјавиле дека најдобро се чувствуваат во семејно хотелско сместување или кампување. Без разлика каква дестинација ќе изберете, обидете се максимално да уживате во љубовта и сексот со човекот до вас!
Околу 40% од паровите се загрижени дека ќе си здосадат еден на друг за време на одморот и ќе немаат повеќе теми за разговор толку долго време. Голем дел од мажите се во ужас од помислата дека ќе мораат со својата сопруга заедно во шопинг и долгочасовна прошетка по продавниците.
Меѓутоа сите овие грижи паѓаат во вода кога ќе настапи на сцена следниов факт: Потврдено е дека по време на годишниот одмор жените се максимално опуштени и недостатокот на напнатост претставува клуч за сексуалната возбуда кај жените, а тоа ви овозможува квалитетен годишен одмор со многу повеќе секс!