Иако за многумина важи правилото дека „она што се случува на моминска вечер, останува на моминска вечер“, изгледа дека поп пејачката Елена Ристеска викендов имала навистина незаборавно доживување, па денеска на својот Фејсбук профил објави:
По ваквиот статус, Попара.мк веднаш се впушти во лов на „поконкретни докази“ за тоа што се случувало. Изгледа дека скопските дискотеки не им го понудиле она што го барале, па другарките на Елена решиле да ја „извлечкаат“ поп дивата дури до Белград, каде се забавувале во еден од најдобрите клубови се до раните утрински часови, а како што дознаваме, највесела била невестата која ќе се венча со својот избраник Бојан Ивановски на 8 јуни во хотелот „Александар Палас“.
Уште од старт да ви кажеме – стриптизер немало, барем не колку што можеше да открие тимот на Попара. Но за тоа, како што изгледа, надокнадиле прекрасните коктели, интересната облека во стилот на 20тите години на минатиот век, шампањското и добрата музика, се на се викенд кој поп дивата ќе го памети до крајот на животот.