Пекинг: Верувале или не.
Докторите во северна Kина му извадиле на Џенг Ли (43), џиновски камен, од неговата бешика, кој бил тежок повеќе од 1 килограми, а со пречник од 11 сантиметри.
Лекарската екипа била запрепастена кога огромниот камен се појавил на снимката која ја направиле, откако се пожалил на болки при мокрењето. Операцијата траела повеќе од 1 час. Бешиката може да собере мксимално 1.000 милилитри урина, а оваа карпа завземала простор за 700мл.
Ова е втор по големина камен од бешика кој бил изваден во светот. Првиот кој е исто така е изваден во Кина, во 2009 година, а тежел 2.400 грама и бил изваден од една жена.