Музичкото списанието NME го избра стоте песни кои (засега) го одбележа 21 век. На прво место е песната “Crazy in love” на Beyonce.
Уредниците на списанието NME, составија листа на песни кои ја означија музичка сцена од 2001 година па се до сега, а првото место му припадна на хитот од 2003 година, првиот сингл од соло албумот на Beyonce “Dangerousely in love”.
Овој албум е прогласен за најуспешен (комерцијален), и таа година беше награден со пет Grammy награди.
httpv://www.youtube.com/watch?v=ViwtNLUqkMY
На второто место се најде песната од MGMT (“Time To Pretend”), на третото бендот The Strokes (“Hard To Explain”), а меѓу првите пет се пласираа уште и M.I.A. со песната “Paper Planes” и Andre 3000 со песната “Hey Ya”.
httpv://www.youtube.com/watch?v=PWgvGjAhvIw
А во првите десет влегоа и песните “House of jealous loves” (The Rapture), “Golden Skans” (Klaxons), “Out of time” (Blur), “Rebelion” (Arcade Fire) i “A certain romance” (Arctic Monkeys).