Експерти од универзитетот во Калифорнија сметаат дека некои од супстанциите во тајната рецепта на Кока Кола можат да нанесат сериозна штета на човечкото здравје.
Во месец март оваа година беше подигнат ултиматум кон брендот: или да ја смени композицијата од вештачи бои(кои ја даваат карактеристичната темна боја), што ја употребуваат, или совесно да назначат на етикетата дека внатре има карценогена материја.
Експертите утврдиле дека бојата што ја употребуваат е продукт од реакција на шеќерот со амонијак и сулфиди. Таа реакција се извршува под висок притисок и висока температура.
Како продукти на оваа реакција се создаваат две материи: 2-МИ и 4-МИ. Овие карценогени супстанции предизвикуваат рак на белите дтробови, црниот дроб, штитната жлезда, како и леукемија. Тоа е докажано со многу проби, спроведени на експериментални зајчиња и глувци, а за нив се знае дека имаат многу отпорен имун систем.