Затвор: седите во ќелија 2×3 метри.
Канцеларија: седите во просторија 2×2 метри.
Затвор: добивате три оброци на ден.
Канцеларија: добивате една пауза за оброк кој морате сами да го платите.
Затвор: ако сте добри ќе добиете слободни денови.
Канцеларија: ако сте добри ќе добиете уште повеќе работа.
Затвор: стражарот ви отвара и затвара врата.
Канцеларија: мора да носите клучеви или картици и сами да си отварате.
Затвор: може да гледате телевизија и да играте игрици.
Канцеларија: ако ве фатат дека гледате телевизија или играте игрици лошо ќе биде за вас и вашата плата.
Затвор: имате сопствено ВЦ.
Канцеларија: имате ВЦ кое го делите со сите колеги и плус нечиста даска од шоља.
Затвор: имате посета од пријатели и роднини.
Канцеларија: нема посети, единствено можете да комуницирате преку телефон.
Затвор: сите трошоци се платени од даночните обврзници, па вие немора ни да работите.
Канцеларија: морате сами да си плаќате се, а плус ви одбиваат за надоместоци, даноци и скратени ви се сите бенефиции.
Затвор: морате да се справувате со садистички настроени управители.
Канцеларија: тука тие се нарекуваат менаџери.