Сите ние сме зависни од секс, покажа последната студија спроведена во Институтот по психологија во Германија.
Човечкото тело произведува специфични супстанции, кои водат до зависност како онаа што е предизвикана од употреба на марихуана. Тоа го објаснува и фактот зошто многу жени се зависни од солариум, фитнес или од социјалните мрежи, на прв поглед едни обични дејности.
Се покажа дека виновникот тука не е само прочуениот хормон ендорфин. Човечкиот организам претставува цела жива лабораторија за производство на наркотични материи. Ова е докажано наскоро од експерти во областа на психијатријата во Манхајм, Германија.
Експертите ја објаснуваат големата страст на некои луѓе кон екстремните спортови со очигледен ризик и опасност по живот, што за други е тотална лудост. Штом еднаш пробате, телото лачи супстанции, кои предизвикуваат привремена еуфорија. Тоа ве тера да сакате повеќе и почесто.
По време на оргазам е истата ситуација, затоа сексот може да биде вклучен во групата каде припаѓаат наркотиците и цигарите. И сепак, ова е легална зависност, од која луѓето тешко би се откажале 🙂