Porsche го претстави новиот 911 Club Coupe со кое има во план да ја прослави 60-годишнината на првите два Porsche клубови во Германија. Специјалниот модел ќе биде базиран на Carrera S, но со зголемени 30 коњски сили, така правејќи вкупно 430 коњски сили. Брзина од 100 километри на час ќе развива за само 4 секунди. Porsche ќе создаде само 13 вакви автомобили, а цената по која ќе се продаваат, не е позната.