Фаворитот на публиката на неодамна завршениот ВИП Survivor и по многумина моралната победничка, хрватската старлета Ава Карабатиќ, и покажала на Станија Добројевиќ колку се “грижи” за неа!
На журката на победникот на шоуто, моделот Владимир Вуксановиќ, поднапиената Ава цела ноќ се бакнувала со Станија, а сочниот француски бакнеж ги оставил без текст сите присутни.
“Станија е супер мачка и ќе и предложам многу интересни игри. Верувајте ми, се бакнува боженствено, многу е жешка и со неа би можела се”, изјавила Ава откако за прв пат се бакнала со српската старлета, која порачала дека Ава, Александра и таа би биле одлична тојка. “Таа е луда, но е одлична личност! Добра риба, и ако се впуштам во авантура со некоја од девојките Ава, Александра и јас би биле одлична тројка”, изјавила низ смеа стралетата.
До крајот на вечерта и македонката Александра Накова и пришла на Станија и страсно ја бакнала.
“Нема тука ништо чудно и не е прв пат да се бакнувам со Станија. Веројатно многумина помислиле дека тоа го правиме поради камерите, но ако ги исклучите, ќе видите што ќе направам тогаш”, вели Александра.