Летниот маникир оваа година е вистински бунт на бои. Во лето ноктите привлекуваат огромно внимание, а оваа година тенденциите се едногласни и ги фаворизираат интензивните шарени дезени и дрски бои. Љубителите на класиката можат да изберат француски маникир или безбоен лак, тоа е безвременска класика, но за оние кои сакаат да се потопат во магијата на боите, стилистите препорачуваат жолто, портокалово, ментол зелена и сите нијанси на сината боја. Крем и пастелните нијанси се подеднакво актуелни.