Настапот на убавата Шерил Кол беше еден од најочекуваните настапи вечерта.
Младата и атрактивна Шерил Кол се појавила минатата ноќ на ‘Queen’s Diamond Jubilee’ концертот. Целосно гламурозна и заносна подготвено позирала со чуварите на Бакингемската палата. Еден од чуварите ги искористил своите пет минути и подготвено ја зграпчил младата пејачка на која тоа воопшто не и пречело.
Шерил во фустанот од дизјанерката Ева Минд блеснала на сцената со својот колега Гери Барлоу. Пред насобраната маса од 12 илјади луѓе ја извеле песната ‘Need you now’.
За крај на вечерта, младата пејачка имала чест да стои на сцената со кралицата и да го одржи завршниот говор. Како и секогаш, пофалбите за нејзината изведба и изгледот не изостанале.