Во Америка е пронајдена птица која има две глави и три клунови.
Април Брит од North Hampton, се изненадила кога ја видела птицата со две глави, изјавила дека паднала од гнездото, а таа ја земала да ја врати и така го забележала нејзиниот необичен изглед.
Брит кажала дека некое време ја набљудувала птицата и забележала дека таа неможе да јаде сама, бидејќи средниот клун не и функционира, па затоа ја хранеле возрасните птици.
Научниците од Масачусетс, изјавиле дека ваквиот тип на животни со деформитети ретко преживуваат, па токму поради тоа оваа птица е посебна.