Во Македонија статистиката вели дека бројот на склучените бракови во првиот квартал од годинава изнесува 2.733 и тој е намален за 1,4 проценти во споредба со истиот период лани. Разведените бракови, пак, бележат зголемување во споредба со истиот период од минатата година и нивниот број изнесува 626.Знаете ли каква е состојбата во другите земји?
Велика Британија – разводи поради рецесија. Стапката на разводи во оваа земја во 2010 година е пораснат за 5% во однос на предходните. Се поголемиот број на разводи се препишува на намалените приходи, големата рецесија и долгови.
Италија – разводи поради мајките. Една статискита на британскиот Гардијан покажа дека 3 од 10 брака во Италија завршуваат со развод поради големата поврзаност на мажите со нивните мајки.
Кина – политика за намалување на стапката на разводи. Државата се обидува на сите начини да ги спречи разводите.
Јапонија – синдорм на пензиониран маж. Во периодот меѓу 1985 и 2000 година двојно се зголемила стапката на разводи на парови кои биле 20 години во брак. Експертите велат дека тоа се должи на синдормот пензиониран маж. Во Јапонија најчесто мажите работат во друг град, па таму живеат, а кога ќе се вратат по 20 години дома, сфаќаат дека воопшто не ја познаваат својот брачен другар.
Русија – највисока стапка на разводи во светот. Најголемата земја во светот има и најголема стапка на разводи. Според податоците од 2010 година, 5 разводи на 100 лица.