Еден пар од Германија заработил така што на интернет аукција понудил секс со невестата на првата брачна ноќ.
Двајца германци од Дизелдорф чии идентите не е соопштен, на еден интернет сајт за секси огласи понудиле на купувачите секс со невестата на првата брачна ноќ.
„Да, добро прочитавте, ќе водите љубов со мене на денот на мојата венчавка, а младоженецот сето тоа ќе го гледа. Ќе најдеме хотел за кој вие како џентлмен ќе платите, а кога работите ќе се „загреат“ ќе го повикаме младоженецот да не гледа“, пишувало во огласот.
Двојката набрзо нашла купец, кој за секс со невестата наводно платил 365 евра, пишуваат локалните медиуми.