Бермудите се архипелаг во Атланскиот океан, острови, познати по Бермудскиот триаголник. На подрачјето на овој остров, наводно се случува да исчезне брод или авион, но и покрај ова, истиот привлекува повеќе од половина милион туристи годишно…
Бермудите се прекуморско подрачје на Обединетото Кралство. На површина од 53,3 километри квадратни, се наоѓаат 138 острови. На најголемиот од нив, се наоѓа главниот град, Хамилтон.
Бројни атракции и историски знаменитости кои можат да се видат се: Бермудската катедрала, тврдината „ Форт Хамилтон “, зградите изградени во викторијански стил, историско – општествениот музеј…
Истовремено, Бермудите се една од најскапите држави во светот. И покрај тоа, ова место е посетено во огромни размери. Климата е суптропска, а морето пријатно за бањање во текот на целата година. Летото на Бермудските острови трае од Април до Ноември…