Холандскиот престолонаследник Вилием Александер признал дека бил засрамен што учествувал на необичното натпреварување во фрлање на WC шољи.
РОТЕРДАМ: Според преносот на АФП, традиционалното натпреварување се одржа во селото Ренен, на истокот на Холандија, по повод на денот на кралицата, 30 Април. Наследникот на холандскиот трон не само што учествуваше во натпреварувањето туку и освои и пехар на чиј врв има мала WC шоља.
Обраќајки им се на новинарите во Ротердам, принцот признал дека се засрамил кога ја фрлил портокаловата керамичка шоља, имајќи ги во предвид , лошите санитарни услови во земјите во развој.
Тој навел дека во Холандија се фрлаат WC шољи од забава, додека 2,6 милијарди луѓе низ светот немаат ниту санитарна инфраструктура за задоволување на основните животни услови.
Над стотини илјади Холанѓани, секој 30 Април прославуваат ден на кралицата кога се одбележува роденденот на кралицата мајка Јулијана, а се носат портокалови шешири и смешни шапки.