На судењето на масовниот убиец Андрес Брејвик имаше уште еден скандал. Меѓутоа овој пат не беше направен од страна на норвешкиот монструм кој уби 69 лица во 2011 година.
Телевизиските камери успеале да снимат еден од судијата како за време на судењето си играл игрици на компјутер.
Сепак, портпаролката на судот во Осло не го смета тоа за нешто страшно, бидејќи според неа постојат различни начини за човек да остане концентриран.
„Судиите внимателно следат што се зборува и кои докази се изнесуваат во судницата“, изјавила портпаролката.
Судијата не демантирал дека играл игрици за време на судењето.
httpv://www.youtube.com/watch?v=RzqvQeMkaFQ