Сексот е подобар со Еуро 2012!

popara6 јуни, 20121min00
u6rt

Штом победи тимот за кој навива вашиот партнер тој веднаш добива желба за секс. Во моментите кога победува тимот за кој тој навива, се зголемува и нивото на тестостерон, што позитивно делува на нивното здравје.

Фудбалската грозница ја тресе Европа. Но, овој пат излгеда дека ќе ги затресе и брачниот кревет. Гледањето фудбалски натпревари може да го подигне расположението и да ги зближи партнерите.

На мажите им се зголемува желбата за секс штом победи нивиот тим. Се зголемува нивото на тестостерон, хормон кој води до подобар секс и го зголемува либидото.

Од друга страна пак, емотивниот стрес по поразот на тимот лошо влијае на двата партнера. Па така научниците откриле дека е зголемен број на срцеви удари не само кај мажите, туку и кај жените. Барем така покажало истражувањето објавено во магазинот Килиника на кардиолози.

„Жените се почесто гледаат фудбал, а ние мораме да ја откриеме поврзаноста меѓу мажите и жените. Кога мажот ќе се изнервира или вознемири поради поразот на неговиот тим, тоа ја вознемирува и партнерката“, изјавил Роберт Клонер, професор  на Калифорнискиот Универзитет