Детето кое има само 19 месеци се вика Даглас Хасбанд и смее да јаде само компири, бидејќи само од нив не добива грчеви во стомак.
Иако детето е на возраст каде треба да ја вкуси секоја храна, неговата мајка изјавила дека детето од месо, овошје и зеленчук добива силни грчеви во стомакот. Даглас страда од редок еозинофилен колитис.
„Кога ќе добие некаква реакција од храна, се чеша по лицето, вреска цела ноќ и лошо е расположен“, изјавила мајката. Затоа сега за сега детето смее да јаде само компири.
„Досега имаме пробано околу 30 намирници и неговиот организам реагира на се, освен на компири. Тој пие само вода и хипоалергентно адаптирано млеко. Исто така прима и терапија, некои лекови му помогнале, а некои ја влошија неговата состојба“, додала за крај мајката.