
Зрелата кожа бара специјално внимание и грижа. Превенцијата на знаците на стареење и нивно елиминирање е основна цел на сите жени над 25 години.
Маска од моркови
Маската од моркови е идеална за сите оние од вас кои се борат со првите брчки. Морковот е еден од најбогатите извори на витамин А, кој е дел од составот на повеќето кремови против стареење. Суровиот, ситно изрендан или смелен морков е една од најлесните маски која ќе ви помогне да ја сочувате младоста за подолго време. Добро би било додадете и лажичка мед во смесата за подобри резултати. Пред да ја нанесете, изедете една лажица од маската, за да има и внатрешен и надворешен ефект. Маската се нанесува на лицето, вратот и деколтето и се остава да делува 30 минути. се прави редовно, еднаш седмично. Лицето се мие со ладна вода.