Овој прекрасен хотел во кој Ви гарантираме дека ќе се заљубите, се наоѓа во најпопуларната дестинација во Турција, преубавиот Бодрум.
Хотелот овозможува врвна атмосфера, која никогаш нема да ја заборавите. Сигурно ќе Ве воодушеват и големиот број изненадувања од угостителите, направени на уникатен начин. Хотелот организира и многубројни туристички атракции, ноќни журки…
„ Kempinski Hotel Barbaros Bay “, располага со 173 соби, спремни да овозможат идеална удобност на посетителите. Блескавата декорација на ентериерот, складните бои ќе го направат Вашиот престој уште попријатен. Пред да тргнете на утринско капење во Медитеранот, послужете се со обилен појадок и опуштете се во извонредниот спа центар.