Сакате бебе? Не по секоја цена!

popara8 јуни, 20121min00
s3

Во месеците кога водењето љубов се сведува на договорени термини во зависност од плодните денови и кога тоа ќе премине во обврска, многу припадници на посилниот пол не можат да го издржат ваквиот притисок.

Паровите кои се обидуваат да добијат бебе, мора да се придржуваат на строги правила дадени од лекар. Иако смеат да водат љубов нормално кога и да посакаат, тоа тие најчесто го прават во деновите на женската овулација и тогаш тензијата оди до неподносливи граници.

Како што тврди оваа студија, повеќето мажи чувствуваат неверојатен притисок поради контролираниот секс и секој петти маж се соочил во ваков еден период со импотенција. Што помалку спонтаност  во спалната соба, а се повеќе закажани термини, нивото на стрес хормонот кортизол драматично расте и за сметка на тоа опаѓа клучниот хормон за либидото – тестостеронот.

Многу од идните татковци не се во состојба да се носат со една ваква напната ситуација, па така некои од нив утеха наоѓаат во прегратките на некоја дама со помали барања од неговата сопруга. За жал кога конечно долгопосакуваната бременост и бебе дојдат на свет, за доста бракови иднина веќе не постои.

Затоа експертите советуваат да не се инсистира толку напнато и жените да престанат така опсесивно да се раководат од својот месечен циклус, особено ако користат хормони за овулација.

Доколку брачните партнери водат љубов како што треба, како што е нормално, два до три пати неделно, сигурно без никакви проблеми еднаш ќе се погоди во плодните денови.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma