Пејачката го откажала снимањето на реалното шоу во Велика Британија.
Ријана требаше да биде дел од големото модно реално шоу за „Скај ливинг“ и да поминде три месеци снимајќи во Лондон, но сега е откажан целиот проект.
Нејзиниот менаџер објавил дека пејачката го откажала своето учество во шоуто, како и целото патување во Велика Британија, поради лошата здравствена состојба.
Британскиот Sun, пишува дека лошата здравствена состојба на пејачката е резултат на нејзиното дивеење во изминатите неколку месеци. Таа тоа не го криеше од јавноста, бидејќи постојано објавуваше фотографии од нејзините ноќни забави.