После операцијата, докторот на пејачката строго и нареди одмор во кревет, а судењето ќе се одржи кога нејзе ќе и биде подобро.
Судењето на пејачката Светлана Ражњатовиќ и нејзиниот зет Предраг Очокољиќ за обвинението дека се заканувале на директор на ФК “Mladi proleter”, Александар Оларевиќ беше одложено бидејќи пејчката имала здравствени проблеми, па не била во можност да се појави во Првиот основен суд во Белград.
Меѓутоа, таа го оправда нејзиното недоаѓање со медицинска документација, која на судот ја поднесе адвокатот Горан Петронијевиќ. Според извештајот на докторот, Ражњатович на 2 јуни имала хируршка интервенција, а нејзиниот лекар и препишал строг одмор во кревет во следните десет дена.