Колекцијата е создадена од дизајнерката Yayoi Kusama специјално за Louis Vuitton. Точките се елемент што присуствуваат во секое нејзино дело, независно дали е облека, аксесоар, слика, склуптура, инсталација, сценичен декор и сл.
Претставник на движењата како поп арт, минимализмот и феминизмот, во моментов таа е призната за еден од највлијателните јапонски творци, кои допринеле со својот талент за развојот на авангардата. Имено тоа и била целта на Марк Џејкобс кога ја поканил да создаде колекција за францускиот гигант.