Благодарение на Рејчел Зои светот слушна за стилот наречен бохо-шик. Зои се разбира не измислила нешто ново, но успеа да врати во живот доста заборавени трендови, барајќи инспирација во 70-те години.
Дизајнерката знае како да го задржи вниманието врз своите дела и никогаш не изневерила на елегантниот, класичен и многу женствен стил.