Џенифер Брикер е родена без нозе. Тоа ги разочарало нејзините родители па затоа ја дале на посвојување.
Меѓутоа, никој неможел ни да замисли дека таа ќе стане вистинска Олимписка ѕвезда, исто како и нејзината сестра за која дознала дека ја има по 20 години.
Ова девојче растело далеку од своите вистински родители. Нејзин идол била една Олимписка ѕвезда за која неодамна дознала дека и е сестра!
По 20 години тие конечно се сретнале.
„Дали целиот мој живот беше лага? Имам сестра за која незнам и која била дадена на посвојување“, бесно изјавила Доминик.
Потоа следел и трогателната средба со биолошката мајка:
„Дали некогаш си помислила на мене? Дали си се запрашала што правам?“, прашала Џен.
„Го заслужив тоа прашање. Немав избор во тој момент. Никогаш не го видов моето бебе, никогаш не го држев во раце, твојот татко инсистираше дека мораме да те дадеме“, изјавила мајката.
Родителите кои ја посвоиле Џен изјавиле дека во ниеден момент не дозволувале хендикепот на Џен да влијае на нејзиниот живот. Па затоа таа стана и атлетичарка.