Мажите не смее да го знаат ова!

popara12 јуни, 20121min00
s2

Како и секоја жена, веројатно и вие имате свои тајни, што не значи дека не сте искрена со мажот до вас. Едноставно премолчувате некои работи, а не лажете. А и мажите сакаат загатки и претпочитаат да не сте отворена книга за нив. Какви се вашите женски тајни?

Кои се женските тајни за кои мажите не смее да знаат?

Бројката

Не е потребно партнерот да знае со колку мажи сте биле претходно. Мажите сакаат ем отракани девојки, а ако може и непорочни. Е нема како да биде вака. Затоа вешто заобиколете ја оваа тема.

Те споредувам со бившиот

Во почетокот на нова врска сигурно ви се случило да го споредувате сегашниот дечко со бившиот. Но не правете грешка да ви се испушти вакво нешто пред него, зошто ќе изгубите навистина многу поени во неговите очи.

Трикови за разубавување

Има жени кои легнуваат откако мажот ќе заспие и се будат пред него, со цел тој да не биде сведок на сите процедури што жената секојдневно ги прави. Мажите мислат дека жените се така совршени од раѓање и нека ги оставиме така да продолжат да мислат. Воопшто не е убаво да видиш како лебедот се преобразува во грдо пајче.

Те проучив тебе, твоите пријатели, твоите бивши…

При толку многу социјални мрежи е повеќе од лесно да влезете во филмот на Шерлок Холмс, истражувајќи со каков човек си имате работа, кои и какви се неговите пријатели, со колку жени бил пред вас, комуницира ли сеуште со нив…Правете што сакате, ваше право, но не дозволувајте партнерот да  дознае дека се наоѓа под лупа.

Страв ми е од обврски

Ова е својствено за мажите чувство, но не дека кај жените не се случува истото.  Во момент на паника, дека ќе се обврзеш со еден човек за цел живот и не е така лесно. Но ако му го соопштите ова, неговите сериозни намери ќе паднат во вода.

Контрола врз љубомората

Кога зборуваме за љубомора, важниот момент е дозата. Умерената љубомора може да придонесе саканиот да се чувствува сакан, но болната љубомора ќе го исплаши  и одалечи од вас.

П.С. Отворената книга брзо се чита и лесно здосадува! Бидете загатка потопена во мистерија!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma