Мега популарната пејачка Лејди Гага одлучила да заплови во дизајнерки води, но сите би требало да бидат внимателни пред да купат некоја нејзина креација.
Таа на својот тим им наредила да креираат шешири полни со бубашваби. Чувала одреден број од овие инсекти откако едно истражување и покажало дека тие најдобро реагираат на нејзината музика.
“Лејди Гага е позната по своите креации од месо, а ова би можело да биде нешто слично на тоа. Бубашвабите по ова истражување ги нарекла свои вистински чудовишта. Сега сака да ги вклучи во своите креации”, изјавил изворот.
Доколку дизајнерите имаат проблеми со бубашвабите и шеширите, секогаш можат да купат нова кутија бубашваби во продавница за домашни миленици.