Бесен поради тоа што репрезентацијата на Полска примила гол на натпреварот против Русија, еден пољал го фрлил телевизорот низ прозор.
Според локалните медиуми телевизорот паднал пред зградата и експлодирал, но за среќа во тој момент немало минувачи, па така никој не бил повреден.
Во соопштението од локалната полиција се наведува дека човекот бил пијан, а потоа бил приведен во станица.
Покрај тоа што ќе мора да си купи нов телевизор за да го следи европското првенство, ќе мора да плати и казна од околу 120 евра.