Како да се справите со неверниот партнер?

popara14 јуни, 20121min00
s2

Околу 70% од мажите имаат афери, а околу 90% би сакале да имаат! Ова е многу пати докажано до сега, значи е факт, знаеле вие или не.

Ако и вие се најдете во ваква ситуација, ако откриете дека ви е неверен, не брзајте веднаш да се разделите, не паничете, дишете бавно и обидете се да реагирате адекватно.

Импулсивните решенија не се вистинскиот избор. Паметните сопруги би постапиле поинаку. Најважно е да си одговорите на прашањето: Имам ли потреба од него или не? Можам ли да го надминам неверството и да свртам нова страница? Ако одговорот на овие прашања е да, тогаш избришете ги солзите и погледнете го нашиот екшн план:

Тој не треба да знае ништо за вашиот план. Неизвесноста секогаш ги прави луѓето понервозни и полесно може да се влијае на нив.

Ако сакате одмазда, бидете претпазливи и разумни, зошто вашите дела може и да не го исплашат.

Ако посака секс, не откажувајте како казна, зошто тој може да побара на друго место.

Дајте му шанса да се извини. Запомнете, ако тој ве излаже, најверојатно се грижи за вас и не сака да ги повреди вашите чувства, со цел да ја заштити врската. Иначе би ви кажал се во очи.

Натерајте го да верува во следново: Никогаш нема да те избркам и да те разделам од децата! Ќе ти простам, ќе заборавиме се и ќе се сакаме засекогаш! Тој ќе и го соопшти ова на другата жена и верувајте тоа ќе ја повреди неа многу повеќе отколку таа вас.

Не заборавајте да се грижите за себе. Сепак имате конкуренција која ви дише во врат. Зарем таа е подобра и поубава од вас?

Изненадете го во кревет. Време е да се разделите со рутината во спалната соба и да се преобразите во атрактивна тигрица. Не заборавајте дека 90% ако не и повеќе од семејните проблеми се решаваат во кревет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma