Според таблоидот “Star”, Џенифер Лопез сака да има дете со нејзиниот 16 години помлад дечко, Каспер.
Двојката наводно се обидува да ја реализира желбата на пејачката.
“Таа на своите пријатели и семејството им вели дека тие наскоро ќе добијат дете”, изјави анонимен “пријател” на Лопез и Каспер.
Истиот извор тврди дека 25-годишниот танчер во почетокот се спротивставувал на идејата, но “се предомислил кога видел колку е Џенифер прекрасна мајка на нивните близнаци”.