Откако корејскиот весник објави информација дека Самсунг подготвува нова социјална мрежа се изјасни и оваа компанија.
Компанијата Самсунг одлучи да се обрати на јавноста преку пост на нивниот официјален блог каде нагласува дека шпекулациите за новиот Самсунг Фејсбук не се точни.
„Точно е дека работиме на унапредување на сервисот Family Story кој постои од февруари месец, но тоа е далеку од Самсунг Фејсбук како што некои го нарекуваа“, изјавиле од компанијата.
Можноста која ја нуди новиот Family Story можете да ја погледнете во продолжение:
httpv://www.youtube.com/watch?v=4sCV_E6dku0