Денес ќе ви ја претставиме летната понуда од Resort колекцијата на модниот гигант Emilio Pucci за 2013 година. Новата модна линија на брендот е вистинско ремек дело инспирирано од ретро шик стилот на 70-те години. Претставува модерна верзија на небрежниот стрит стајлинг и елегантни линии.
Колекцијата претставува исклучителен збир од бои и фини материјали, каде се среќаваат модели со минималистички дизајн но и парчиња со множество ефектни бродерии и цветни принтови.