Кефалонија – бисерот на Јонското море

popara15 јуни, 20123min00
1 (7)

Уште еден преубав грчки остров е најголемиот од овој архипелаг, сместен во Јонското море…

Според легендата, се смета дека островот го добил името по митскиот, антички херој, Кефалос и го нарекуваат „ островот со глава “. Главен град на островот е Аргостоли, кој има свој залив  интересна архитектура и уникатни знаменитости. Со благата средоземна клима и идеалните плажи, со гаранција претставува бисер на јонското море. Кефалонија е претежно планински остров со највисока точка 1628 метри, од која се овозможува прекрасен поглед на островото со уникатни природни убавини.

На островот се наоѓаат многубројни заливи кои островот го делат на источен и западен дел. Во западниот дел претежно има планински пејзажи, додека во источниот дел се сместени преубавите плажи.

Што се однесува до жителите, на овој остров живеат околу 40.000 жители додека за време на летниот број, бројот на туристи е огромен, а голем е и бројот на грчки емигранти кои на овој остров имаат луксузни вили и јахти. Една од најубавите плажи е „ Миртос “, која со фантастичната боја на водата, светло белите каменчиња претставува вистински бисер.

Кефалонија е островот кој со сигурност ќе Ве фасцинира на прв поглед !!!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag