Едно 17 годишно момче на интернет објавил видеозапис за концептот на новиот iPhone 5 кој има транспарентен екран и ласерски проектирана тастатура.
Гласините за iPhone 5 ги слушаме веќе година дена, на интернет неколку пати се појавија фотографии направени од разни концепти, но од Епл никој не објавил како навистина ќе изгледа овој телефон, каков хардвер ќе има и кога ќе биде претставен во јавноста.
Сепак видео записот кој го објави 17 годишниот Дакота многумина ги воодушеви, па со оглед на напредокот на технологијата, производителот Епл можеби навистина би можел да направи нешто вакво.
Погледнете го видеото:
httpv://www.youtube.com/watch?v=hsEUBLIJvmE