Според странските медиуми актерите Antonio Banderas и Penelope Cruz ќе се појават во новиот филм на познатиот шпански режисер Pedro Almodovar “Standby Lovers“.
Двајцата досега имаат работено со Almodovar – Antonio ја играше главната улога во неговиот последен филм “The Skin I Live In“, додека пак Penelope се има појавено во неколку негови филмови, а последниот е “Broken Embraces“.
Што се однесува до новиот филм, изгледа дека Almodovar после долг временски период се одлучи да сними комедија – “Standby Lovers“ е комедија за авионска несреќа – исплашени за своите животи, патниците во авионот почнуваат меѓусебно да си ги признаваат своите скриени тајни.