Линдзи Лохан сеуште не потпишала договор за новиот филм, и тоа поради изненадувачка причина.
Актерката која во моментов снима филм за животот на Елизабет Тејлор и ја има главната улога на оваа почината ѕвезда, не потпишала договор за друг филм – ‘The Canyons’, поради загриженоста за голи сцени кои мора да ги сними.
Во филмот, покрај неа, игра и 26 – годишниот порнографски актер Џејм Дин, своевремено прогласен за актер на годината во порно индустријата. Снимил повеќе од 4000 порно филмови. Но, дали оваа филмска понуда епак допре до една од границите на моралот на Лохан?
“Линдзи и нејзиниот тим се загрижени околу голите сцени кои треба да се снимат. Од неа се очекува во сцените да биде целосно гола, а сцените се секс се многу експлицитни. Да, таа позираше за Playboy, но да бидеш гола на филм и да се сексаш е нешто сосема поразлично. Линдзи мора добро да размисли за оваа понуда пред да го потпише договорот. Веруваме дека одлуката ќе ја донесе во наредните две недели. Снимањето почнува во јули”, открива извор близок на актерката.
Мора да се признае дека оваа девојка, и покрај проблемите кои постојано се лепат за неа, нема проблеми со работни понуди. За неа постојано се пишува, секогаш е актуелна…што и да прави за медиумите е интересно. Можеби и затоа е интересна за филмаџиите.