Клои Кардашијан со својот сопруг, Ламар Одом сакаат дете, но изгледа дека сè не оди според планот, бидејќи неодамна тргна на терапија за да ја зголеми својата плодноста.
Извор близок на портапарот призна дека со месеци се обидуваат, но за жал без резултати, па Клои одлучи да оди во една од најпознатите репродуктивни центри во Беверли Хилс. Со оглед дека е многу блиска со својата сестра Ким, Клои одлучи да ја земе со неа за да и даде морална поддршка.
Изворот се надоврза и додаде дека тие планирале уште многу поодамна да започнат со ваков вид на терапија, но биле спречени поради кошаркарската кариера на Ламар.
Веруваме дека воопшто не им е лесно, па затоа им посакуваме многу среќа!