Бидејќи во посета му доаѓа и останува по неколку дена, една жена на гробницата на својот сопруг направила мала кујна, поставила кревет и фотеља, радио, компјутер и интернет.
Аргентинката Адријана Виљареал редовно го посетува гробот на својот сопруг, а останува и по неколку дена за да му прави друштво. Таа пред извесно време гробницата на сопругот ја адптирала во мини гарсоњера.
Жената пак која живее во БУенос Аирес, далеку од гробот на својот сопруг, изјавила за полицијата дека го посетува местото само три пати годишно, а останува од 3 до 4 дена па затоа и било потребно да направи нешто вакво.
„Кога некого сакате способни сте на се. Мажот мој тоа го заслжува“, изјавила вдовицата.
Сепак за полицијата „некој кој може да спие покрај леш сигурно мора да има некоја фалинка“.