Наместо енегргетски напиток пред вежбање изедете банана, бидејќи ќе ви ја даде истата количина на енергија, открива истражувањето на научниците од Универзитетот во Северна Каролина спроведено на професионални велосипедисти.
Првата група на професионални велосипедистина трка долга 75 километри секои 15 минути пие чаша пијалок богат со јаглени хидрати, а другата група јаделе по половина банана.
Бананите на организмот имале ист ефект како и енергетскиот пијалок, со тоа што тие сепак се поздрави, укаживаат експертите.
За разлика од енергетските пијалоци, богати се со антиоксиданси, хранливи материи влакна, калиум и витаминот Б6.
Токму посебната комбинација на шеќери кои ја содржат му даваат дополнителна енергија на организмот.